Лион се снајде некако против Анжер

Лион со победа од 2-1 се враќа од гостувањето во Анжер во 11. коло од францускиот шампионат. Гостите добро се намачија за да го запишат шестиот триумф во сезонава во првенството.

Иклучувањето на Траоре во 34-тата минута ја остави домашната екипа со играч помалку на теренот, па Лион дури во вториот дел успеа да го скрши одпорот на одбраната на Анжер. Оуар погоди во 63-та минута, пред Депај да зголеми на 2-0 во 86-тата минута, а почесниот гол за домаќините го постигна Лопез само две минути подоцна.

Лион сега се наоѓа на третото место со 20 бода, два помалку од второ пласираниот тим на Лил, додека Анжер влезе во серија од пет меча без триумф и со 12 бода се на 11-тото место.

- Оглас -

Најнови вести