Лион стигна до првата победа во новата сезона од Лига 1 откако на домашен терен со неверојатен пресврт славеше со 4-3 против Стразбур, иако по еден час игра имаше негатива од 1-3.
Нанаси во втората минута донесе предност за гостите, а израмни Толисо пред крајот на првото полувреме.
Стразбур на почетокот на вториот дел обезбеди предност од 1-3, со головите на Андреј Сантос и на Емега, но потоа се разбуди и Лион.
Метланд – Најлс во 61.минута намали, а Орбан само две минути подоцна го израмни резултатот.
Гифт Орбан беше стрелец и на победничкиот гол за Лион во 72.минута од дуелот.