Лисабон е ново жариште на корона-вирусот, во УЕФА не отстапуваат таму да се игра финалето во ЛШ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) пред неколку дена потврди дека Лисабон ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на шампионите и дека мечевите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат во предвидените термини на двата стадиони во градот.

Сепак, во Лисабон се „запали алармот“ поврзан со пандемијата на корона-вирусот. На 24 јуни во Португалија биле регистрирани нови 311 заразени, од кои дури 77 отсто биле од Лисабон. Поради ваквата ситуација, во Лисабон веќе неколку дена под карантин се ставени 19 од вкупно 24 окрузи во градот каде што бројката на новозаразени е поголема од таа на излекувани од корона-вирусот.

И покрај овој лош податок поврзан со корона-вирусот, во УЕФА очекуваат во перидот од 12 до 23 август да бидат собрани најдобрите осум екипи во Европа и да се дознае новиот континентален владетел.

„УЕФА е во постојан контакт со челниците на Фудбалската федерација на Португалија, како и со португалските власти. Се надеваме дека сè ќе биде во ред и дека организацијата на турнирот во ЛШ ќе помине во најдобар ред. Засега не постои причина да разгледуваме план Б за тоа каде би се играло финалето“, стои во соопштението на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести