„Лисиците“ се фатија во ѓаволска стапица

Манчестер јунајтед  со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Лестер во рамките од 25-тото коло. Избраниците на Оле Гунар Солскјер по ремито со Барнли (2-2) им се вратија на победите благодарение на дуото Рашфорд – Погба.

Се играше деветтата минута кога Французинот украде топка на противничката половина и одлично го пронајде Рашфорд пред шестнаесетникот на домаќините, а овој без проблеми го совлада Шмајхел.

Рашфорд воедно влезе во историјата на клубот како втор најмлад играч кој запишал 100 настапи во Премиер лигата со 21 години и 95 дена, додека овој рекорд го држи Рајан Гигс со 21 години и 74 дена.

Јунајтед со овој триумф сега е на само два бода од четвртото место кое води во Лигата на шампиони, на кое засега стои Челзи со 50 бода. При евентуален пораз на Арсенал денес против Сити, „црвените ѓаволи“ ќе го задржат петтото место.

https://www.dailymotion.com/video/x71rjhx

- Оглас -

Најнови вести