Лисиците се страв и трепет поради него: Роџерс останува до 2025 година

Брендан Роџерс стави потпис на нов договор со Лестер според кој ќе се задржи на кормилото до јуни 2025 година. Иако Ирецот на стадионот „Кинг пауер“ пристигна кон крајот на минатата сезона, за брзо време успеа да ја наметне својата контрола и филозофија за тоа како треба да изгледа Лестер, па веќе оваа сезона се гледа придонесот на неговите стратешки квалитети.

Досегашниот договор на Роџерс важеше до 2022 година, но клубот одлучи да го награди за вложениот труд и одличните резултати кои ги бележи англискиот првак до 2016 година. Исто така, за оваа реакција на управата придонесе и интересот од други клубови. Арсенал во Роџерс гледаше како долгорочно решение по ослободувањето на Емери од функцијата, но сега Топчиите ќе бараат менаџер на друго место.

Лестер по 15 кола, се на второто место со осум бода заостаток зад лидерот Ливерпул и дефинитивно имаат амбиции за пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести