Лисиците со измешан состав, Елмас ќе му биде „џокер“ на Наполи од клупата

За околу еден час ќе стартува можеби и најинтересниот меч од првото коло во Лигата на Европа, а ќе го играат Лестер и Наполи. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас, за жал, не е во стартната постава, но својата шанса ќе ја чека од клупата.

Тренерот на гостите, Лучијано Спалети, излезе со прилично силен состав, нешто што не може да се каже и за Лисиците.

Џејми Варди, кој е еден од најдобрите играчи на Лестер, ќе го нема во првите 11 и на негово место е одличниот Келечи Ихеначао. Исто така на првиот судиски свиреж нема да истрча и „мозокот“ на тимот, Јури Тилеманс.

 

ЛЕСТЕР: Шмајхел, Кастањ, Вестергард, Еванс, Бертрабд, Соумаре, Ндиди, Перез, Барнс, Дака, Ихеначао.

НАПОЛИ: Оспина, Ди Лоренцо, Колибали, Рахмани, Малкут, Зјелински, Руиз, Замбо Ангуиса, Инсиње, Осмиен, Лозано.

 

- Оглас -

Најнови вести