Лисицки во шок по „бруталното убиство“ на теренот (Видео)

Германската тенисерка Сабине Лисицки на дуелот со Гарбине Мугуруса во Тајланд освен тоа што го загуби натпреварот, имаше и друго непријатно искуство.

Лисицки забележа дека на делот од теренот на којшто беше таа има голема бубачка, се обиде со рекетот да ја оттргне, но не успеа. Тогаш дотрча едно од девојчињата кои се задолжени за подавање топчиња и пешкири, ја смачка бубачката, а реакцијата на Лисицки стана хит на социјалните мрежи.

Германката се исплаши и се згрози од убиството, во шок ја сврте главата, но потоа се појави и насмевка на нејзиното лице. Веројатно очекуваше понежно справување со инсектот, но тој беше безмилосно убиен.

https://www.youtube.com/watch?v=TbgjhzvCjOY

 

- Оглас -

Најнови вести