Ливерпул доби пеколна ждрепка, а Манчестер јунајтед ептен немаше среќа

Во третото коло на ФА купот ќе има градско дерби меѓу Ливерпул и Евертон, одлучи ждрепката во најстарото клупско натпреварување во светот. Ливерпул имаше среќа да биде домаќин и ќе игра на „Енфилд роуд“, па не би требало да има изненадување, иако секогаш во градски дерби-дуели може да одлучи моменталната инспирација.

Најмалку среќа на ждрепката имаше Манчестер јунајтед, кој ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Сити треба да има само полесен тренинг во дуелот против Порт Вејл. Арсенал ќе оди на гости кај второлигашот Лидс, каде што игра и македонскиот репрезентативец Џани Алиоски.

Тотенхем со Жозе Мурињо ќе атакува на освојување на ФА купот, а како предизвик во третото коло ќе го има гостувањето кај Мидлсборо. Челзи ќе биде домаќин на Нотингам форест, а Фулам ќе игра против Астон вила во еден од поинтересните мечеви од третото коло во ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести