Ливерпул е на 11 меча од нешто што не му успеало на ниту еден клуб во Англија

Ливерпул во саботата го елиминира Манчестер сити во полуфиналето на ФА купот, а веќе утре го чека ново дерби, и тоа против најголемиот ривал Манчестер јунајтед. Тоа е дуел од Премиер лигата, каде што Ливерпул е во трка за титулата, а Црвените ѓаволи се борат да стигнат до четвртото место, кое е последно што води во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тимот на Јирген Клоп сезонава веќе се радуваше на титула во Лига купот, а до крајот на сезоната може да освои уште три трофеи. Никогаш, ниту еден тим во Англија во една сезона не се радувал на титули во четири различни натпреварувања, а сега гигантот од „Енфилд роуд“ е на пат да покаже дека и чудата се можни.

Ливерпул ќе игра два меча против Вилјареал во полуфиналето од Лигата на шампионите, а ако успее да биде подобар, ќе игра во финалето на елитното натпреварување на УЕФА. Со саботната победа над Сити, Ливерпул веќе е и во финалето на ФА купот, каде што за трофејот ќе се бори против Челзи.

Во првенството на Англија има уште седум кола до крајот, а Ливерпул и Сити се во трка за трофејот. Граѓаните моментно се во пол-позиција со 74 бодови, додека Црвените имаат само еден бод помалку.

Доколку успее Ливерпул да се радува на сите фронтови, ќе биде првиот клуб што во една сезона во своите витрини ги довел пехарите од Лига купот, ФА купот, Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Најтрофејна сезона во Англија имаше Манчестер јунајтед во 1999 година, кога тимот предводен од легендарниот Сер Алекс Фергусон се радуваше на титулите во Премиер лигата, Лигата на шампиони и ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести