Ливерпул е на пат да постави девет премиерлигашки рекорди, нема недостижни

Веќе никој не се сомнева дека доминантниот Ливерпул ќе биде нов шампион на Премиер лигата, па фокусот ќе биде врз обидот на Црвените да постават дури десет рекорди во најсилното фудбалско натпреварување на британскиот остров.

Ливерпул со 21 победа во првите 22 кола веќе го надмина стариот рекорд на Манчестер сити од сезоната 2017/18 за најдобар старт на еден тим.

Екипата на тренерот Јирген Клоп може да постави уште девет разни премиерлигашки рекорди, а како што играат, нема да биде чудо ако успеат повеќето стари рекорди да ги урнат.

Ова се рекордите кои Ливерпул може да ги урне и да постави нови: број на победи по ред на свој терен (има 18, му фалат уште две за рекорд), најмногу победи во серија (има 13, му требаат уште шест), серија мечеви без пораз (има 39, рекордот е 49), може да се изедначи со Арсенал како единствени непоразени тимови во цела сезона, најмногу победи во една сезона (рекордот е 32, Ливерпул во моментов има 21), најмногу бодови во една сезона (рекордот е 100, а Ливерпул ако ги добие сите до крај, ќе има 112), најмногу победи на свој терен (засега се 12, му требаат уште седум), најмногу победи на гости (има 9, му требаат уште осум) и поминати денови без пораз (рекордот е 537, Ливерпул во моментов е на 382 и за да го стигне Арсенал не смее да загуби пред 23 јуни).

- Оглас -

Најнови вести