Ливерпул е подготвен да го жртвува Салах за да дојде до Мбапе

На еден месец пред почетокот на зимскиот преоден рок, веќе започнаа шпекулациите за трансферите, а вообичаено главно име во нив е тоа на Килијан Мбапе, кој сега се поврзува со трансфер во Ливерпул.

Вчера се појави информација дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, ќе му достави ултиматум на Мбапе во јануари да потпише за Кралевите, во спротивно ќе се откаже од него.

Денеска во фокусот е Ливерпул, кој е подготвен да тргне по потписот со Мбапе, но не во јануари, туку идното лето откако на напаѓачот ќе му заврши договорот со ПСЖ.

Во Ливерпул се свесни дека за да се намами Мбапе да се согласи да дојде на „Енфилд роуд“, мора да му понудат голема сума пари и поради тоа се подготвени да го жртвуваат својот најдобар играч.

Мбапе во ПСЖ заработува околу 65 милиони евра и поради тоа Ливерпул на крајот од сезоната ако успее да се договори со Французинот, ќе го продаде Мохамед Салах.

За египетскиот репрезентативец изминатото лето голем интерес пројави саудискиот Ал-Итихад, кој беше подготвен да плати отштета од 200 милиони фунти, но челниците на Ливерпул одбија да преговараат.

- Оглас -

Најнови вести