Ливерпул е шампион на Англија, ама во категорија во која би сакал да е последен

Екипата на Ливерпул е на прво место во англиската Премиерлига, но не според бројот на бодови или постигнати голови, туку по бројот на повредени фудбалери.

Во минатата сезона, Црвените имале 54 повреди, и „благодарение” на нив, засегнатите играчи заедно паузирале вкупно дури 1.722 дена. И сезонава имаат проблеми, Вирџил Ван Дајк и понатаму не е во потребната форма за да биде столбот на одбраната, најнова жртва во тимот е младиот Хари Елиот кој доби тешка повреда и ќе пропушти голем дел од сезонава. На листата на повредени во моментов им е и Роберто Фирмино.

Зад Ливерпул, на второто место на рангирањето на тимови со најмногу отустни играчи бил Кристал Палас (денешен противник на Ливерпул), со отсуства од вкупно 1.365 дена. Потоа биле Њукасл и Шефилд јунајтед. Тимови кои имале најмалку проблеми со повредени играчи биле лондонските Арсенал (644 дена) и Челзи (454).

- Оглас -

Најнови вести