Ливерпул е во финалето на ЛШ откако ја потопи Жолтата подморница и во Шпанија (Видео)

Ливерпул не дозволи изненадување и го елиминира Вилјареал во полуфиналето од Лигата на шампионите. Англискиот гигант ќе игра во финалето на елитното натпреварување на УЕФА откако по двомечот победи со вкупни 5:2. Во Ливерпул беше 2:0, а вечерва на „Ел Мадригал“ гостите славеа со 3:2.

Тимот на Јирген Клоп одигра две сосема различни полувремиња на гости во Вилјареал. Првото полувреме беше пеколно за фаворитот. Жолтата подморница започна фантастично и даде гол само по 170 секунди игра преку Дија. 

Да биде еуфоријата на домаќините уште поголема, се погрижија во 41-вата минута, кога Кокелан погоди за 2:0.

Во второто полувреме се случи целосен пресврт. Ливерпул заигра многу подобро, па само за 12 минути гостите направија целосен пресврт. Фабињо погоди за 1:2, Дијаз израмни на 2:2, а точка на пресвртот стави Мане со погодокот во 74-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести