Ливерпул го потврди трансферот на Карвалјо, Барса не сака да плати 30 милиони евра за Траоре (Фото)

Ливерпул го потврди трансферот на Фабио Карвалјо од Фулам и тоа ќе го чини 5.5 милиони фунти, плус евентуални бонуси од околу 2.7 милиони фунти што ќе легнат на сметката на Фулам.

Португалецот има само 19 години, а одигра одлична сезона за Фулам, кој е нов премиерлигаш.

Фабио постигна 10 гола и беше втор стрелец на тимот, зад брилијантниот Александар Митровиќ кој постави нов рекорд во Чемпионшип со 43 погодоци.

Карвалјо беше важна алка во тимот на Фулам и имаше и 8 асистенции, а потпиша петгодишен договор со Ливерпул.

https://twitter.com/LFC/status/1528661530610487296?s=20&t=7t5zMKY1QlNpkpBLkTHqsQ

Во Премиерлигата од идната сезона пак ќе игра Адама Траоре, играч кој настапуваше за Берселона како позајмен играч од Вулверхемптон.

Барса го позајми од Волците во зимскиот преоден рок, но не сака да ја плати предвидената отштета за да го задржи Адама, па тој ќе се врати во Вулверхемптон, клуб со кој има договор до идното лето.

 

- Оглас -

Најнови вести