Ливерпул го врза холандскиот столб на одбаната до 2025 година

Ливерпул заврши голема работа со продолжувањето на договорот на Вирџил Ван Дајк, холандскиот столб на одбраната останува на „Енфилд“ најмалку до јуни 2025 година.

Ова е четврти голем потпис во редовите на Црвените летово, откако соработките претходно ги обновија Александер-Арнолд, Фабињо и Алисон. За Ван Дајк ова е враќање на терените во голем стил по тешката повреда на коленото поради што во ланската сезона одигра само пет меча и го пропушти остатокот од првенството во Премиер лигата.

Бројките сами говорат колку Ван Дајк му недостасуваше на тимот на Клоп во текот на минатата сезона која беше доста проблематична. Откако го облече дресот на шесткраниот европски првак, Холанѓанецот триумфираше во 72 од вкуно 95 првенствени натпревари со 76% успешност, а без него Ливерпул делуваше доста ранливо и непланирано губеше бодови, што резултираше со лесно препуштање на титулата на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести