Ливерпул и Најки урнаа британски рекорд

Ливерпул го потврди повеќегодишниот договор со американската компанија за спортска опрема „Најки“, со кој ќе се урне британскиот рекорд кој досега го држеше Манчестер јунајтед. Најки ќе го облекува европскиот првак почнувајќи од сезоната 2020/21, а соработката е склучена на 80 милиони фунти годишно.

„Адидас“ и Црвените ѓаволи од 2015 година се владетели во оваа сфера со нивниот договор од 75 милиони фунти годишно. Ливерпул изминативе сезони соработува со „Њу баланс“, компанијата со која влезе во последната година од соработката, а од претходно беше најавено дека ќе се бара друг спонзор.

 

- Оглас -

Најнови вести