Ливерпул има добитна шифра 4325, моќни се и ќе го загрозат рекордот на Манчестер сити

Ливерпул игра фантастично и ултранапаѓачки и во моментов е најефикасната екипа во Топ-5 лигите во Европа.

Вчера со четири гола во победата од 4:1 му ја наполнија и мрежата на градскиот ривал Евертон, а Салах, Жота, Мане и останатите играчи на Ливерпул се во топ-форма.

Зад нив е и баварската гол-машинерија Баерн со 42 постигнати гола, а вчера Ливерпул израмни рекорд стар половина век.

На досегашните 7 гостувања во Премиер лигата, избраниците на Јирген Клоп постигнаа рекордни 25 гола, а тоа е еднаков ефект на рекордот на Барнли од сезоната 1961/62, кога постигнаа еднаков број голови како и сега Ливерпул на првите 7 гостувања.

Моментно просекот на Ливерпул е 3,1 гол по натпревар и ако продолжат во ист стил, ќе дојдат на границата од 116-117 погодоци, што би бил рекорд во Премиер лигата, која е основана во 1992 година.

Рекордот е во сопственост на Манчестер сити, екипа која во сезоната 2017/18 постигна 106 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести