Ливерпул има нова тактика – Бод по бод до титула во Премиер лигата (Видео)

Ливерпул ја продолжи авантурата кон првата титула во Англија по 30 години пауза со реми без голови против вечниот ривал Евертон.

Популарното Мерсисајд дерби во Ливерпул што се играше на „Гудисон парк“ без публика не донесе премногу возбудувања, а немаше ниту голови.

И двете екипи имаа шанси да ги освојат бодовите, но на крајот ремизираа по 75. пат во вкупно 234. градско дерби.

Особено беа добри шансите на Тим Дејвис и на Калверт Луин во финишот на мечот, но не погодија и не успеаа да му донесат победа на Евертон.

https://twitter.com/SiddhantKd/status/1274786501243441152?s=20

Ливерпул сега има 83 бода, 23 повеќе од Манчестер сити и треба да одигра уште 8 натпревари до крајот, за разлика од единствениот тим што тероретски се уште може да го стаса, а има уште 9 натпревари за доигрување.

- Оглас -

Најнови вести