Ливерпул ја покажа моќта на шампионот

Ливерпул убедливо со 4:0 го победи Вулверхемптон и тимот на Јирген Клоп стигна до 24 бода по 11 одиграни меча, што е доволно да биде рамо до рамо со лидерот Тотенхем. Мохамед Салах со гол во 24-тата минута најави дека трите бода ќе останат на „Енфилд роуд“, а во вториот дел домаќините постигнаа уште три погодоци.

Вајналдум постигна еврогол во 58-мата минута, потоа прецизен беше и Матип, а на крајот Семедо си даде автогол за убедливо 4:0 на крајот за Ливерпул. Со оваа победа, Ливерпул го продолжи перфектниот биланс на домашен терен и сега има шест победи во исто толку натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести