Ливерпул како во времето на Рафа Бенитес

Некогашните фудбалери на Салцбург, Садио Мане и Наби Кејта, учествуваа во акцијата со која Ливерпул поведе со 1-0 на гостувањето во Австрија, а само една минута подоцна Мохамед Салах зголеми на 2-0 и го донесе европскиот првак на чекор од пласман во осминафиналето. Ако Ливерпул загуби, ќе испадне од ЛШ, но шампионот, кој имаше кризни моменти во првото полувреме, се спаси, а во вториот дел е многу подобар.

Ако победи, Ливерпул за првпат по 2008 година, кога тренер им беше Рафаел Бенитес, ќе врзе две гостински победи по ред на мечеви од групна фаза во најсилното клупско натпреварување во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести