Ливерпул – Атлетико Мадрид (21ч)
Негативата од 1-0 не треба да биде проблем за тимот на Јирген Клоп. Никој не ја заборави ланската сензација против Барселона и надополнувањето три гола разлика за пласман во финалето, односно шеста европска титула. Но, Атлетико не е Барселона, а Чоло Симеоне не мисли и во вториот дуел да напаѓа и да дава гол, освен ако нема потреба.
Експертот за одбрана ќе треба да го преслика одбранбениот систем од првиот меч доколку сака да го спречи налетот на опасните Салах и Мане и секогаш непредвидливиот Фирмино. Пред првата осминафинална пресметка беа поминати 10 години кога Ливерпул и Атлетико последен пат се сретнаа во европски рамки. Јорганџиите со гол на гости обезбедија финале во ЛЕ и стигнаа до трофејот, но оттогаш се сменети цели генерации на тимовите.
Предлог тип: Т1 2-3 гола (2.12)
ПСЖ – Борусија Дортмунд (21ч)
Верати и Мение се суспендирани, Ерера е повреден, додека под знак прашалник се настапите на Килијан Мбапе и капитенот Тијаго Силва. Отсуството на клучните играчи се голем проблем за Светците и тренерот Тухел, па затоа нивната мисија ќе биде уште потешка за пласман во следната фаза и надополнувањето негатива од Дортмунд.
Голот на гости им дава надеж, но имајќи предвид дека и Милионерите може да се заканат со незапирливиот Халанд, еден погодок на ПСЖ нема да биде доволен.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.08)
Борусија Менхенгладбах – Келн (Бундеслига, 18:30ч)
Заостанатиот меч од 21-вото коло во Бундеслигата добро ќе му дојде на Мехнегладбах како шанса за закрепнување по поразот во дербито против Дортмунд изминатиот викенд. Иако на домашен терен само еднаш загубиле од Келн во изминатава деценија, Јарците се во добра форма и имаат четири победи во последните пет кола.
Осум меча во низа немало реми во меч на овие две екипи, па затоа големи се шансите и вечерва да се издвои победник.
Предлог тип: 1 (1.80)
Јени Малатијаспор – Трабзонспор (турска Суперлига,18ч)
Трабзон има трета шанса да запише триумф на гостувањето кај Јени бидејќи во претходните два наврати загуби со 5-0 и 1-0. Иако оваа сезона се конкуренти за титулата со Башакшехир и Галатасарај, чудно е како Трабзон нема постигнато гол во Малатија. Евентуална победа на гостите ќе значи изедначување по бројот на бодови на врвот на табелата со Башакшехир, а воедно Трабзон ќе ја врати предноста над актуелниот првак.
Тимот на Јени уште чека на победа во 2020 година, а потврда дека е во кризен период е формата во последните пет кола, од кои освоија само еден бод.
Предлог тип: 2 (1.95)
Ривер плејт – Депортиво Бинасионал (Копа Либертадорес, 23:15ч)
Шампионот од 2018 година тргна со убедлив пораз во групната фаза во новата сезона од Копа Либертадорес. Ривер плејт за првпат добива шанса да ги одмери силите против перуанскиот претставник, кој е во добра форма и во последните пет меча во сите натпреварувања забележа четири победи и реми.
Ривер остана без титула во аргентинското првенсто, таа замина кај лутите соседи Бока јуниорс, но континенталниот шампионат секогаш е престиж за освојување и ќе може фокусот да се насочи кон овој меч.
Предлог тип: 4-6 гола (2.15)