Жолтата подморница ќе мора да плови без најдобриот стрелец против Ливерпул на „Енфилд роуд“

Најдобриот стрелец на Вилјареал, Џерард Морено, нема да игра во првото полуфинале во Лигата на шампионите против Ливерпул на култниот „Енфилд роуд“, што е голем проблем за Жолтата подморница.

Морено, кој е стрелец на 9 гола во Ла Лига сезонава и е топ-голгетер на Вилјареал во шпанското првенство, се повреди на мечот со Хетафе во саботата.

Напаѓачот на шпанскиот тим има проблеми со бутниот мускул и се најавува дека речиси сигурно нема да игра во првиот полуфинален меч во ЛШ во Ливерпул на 27 април.

Од таборот на Вилјареал се оптимисти дека шпанскиот репрезентативец ќе биде фит за реваншот на „Керамика“ што е закажан за 3 мај.

Популарната Жолта подморница по вторпат во клупската историја ќе игра во полуфиналето во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести