Ливерпул ќе се засили со хрватски репрезентативец?!

Јирген Клоп планира голема реконструкција во летниот преоден рок. Се шпекулира дека дури четворица фудбалери од средниот ред ќе си заминат налето, и тоа Џејмс Милнер, Алекс Окслејд-Чемберлејн, Наби Кејта и Артур Мело. Клоп го посакуваше во своите редови Белингам, но тоа ќе остане само пуста желба.

Погледите сега се свртени кон хрватскиот репрезентативец кој настапува во францускиот Рен, Ловро Мајер. Неговиот договор со актуелниот клуб завршува дури во 2027 година, а проценетата вредност според Трансфермаркет му е 20 милиони евра.

Мајер во Рен пристигна минатата сезона, која ја одигра во голем стил, но оваа сезона е друга приказна. Сепак, Клоп во него гледа квалитет достоен за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести