Ливерпул може до титулата само ако се продолжи една несекојдневна традиција

Екипата на Пеп Гвардиола заврши голема работа со вчерашната победа од 2-0 во манчестерското дерби против Јунајтед. Сега со Ливерпул се израмнија по бројот на одиграни натпревари, а со новите три бода Сити е повторно на врвот на табелата со еден бод повеќе од „црвените“.

Остануваат уште три кола за да се добие новиот шампион на Англија, а „граѓаните“ се во пол-позиција да бидат првиот тим по 10 години кој успеал да го одбрани тронот. Сепак, против нив е една несекојдневна традиција, од која најмногу може да профитира Ливерпул.

Во следното коло Сити гостува кај Барнли, а екипата на Шон Дајш има неверојатен учинок кога игра против актуелните шампиони. Имено, Барнли секоја сезона во која е премиерлигаш, успевал да оствари победа против бранителот на титулата, а оваа традиција започа од сезоната 2009/10.

Сè започна со триумфот против Манчестер јунајтед во второто коло од сезоната 2009/10. Потоа во сезоната 2014/15 Сити беше актуелeн шампион, а Барнли успеа да слави со минимални 1-0. Тоа се случи и против Лестер во сезоната 2016/17, а потоа и една сезона подоцна, кога го изненадија Челзи на „Стемфорд бриџ“ на стартот од сезоната 2017/18.

Во првиот овосезонски меч Барнли загуби од Сити со убедливи 5-0, а сега имаат втора шанса да ги израмнат сметките, односно да му помогнат на Ливерпул да дојде до шампионската титул речиси по три децении.

https://twitter.com/RoyalDyche/status/1116013995809439744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1116013995809439744&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPremier-League%2Fa284545-Ovo-je-poslednji-adut-Liverpula-u-borbi-za-titulu.html

- Оглас -

Најнови вести