Ливерпул направи нешто што никогаш не му успеало на Манчестер јунајтед, но затоа им успеало на Хадерсфилд и на Нотингам форест

Ливерпул уште еднаш го покажа победничкиот менталитет и успеа да победи на гости кај Вулверхемптон со 2:1. Гостите имаа предност на полувремето, а Волците успеаја да израмнат на почетокот на вториот дел. Ливерпул покажа дека и по примен гол, знае да одигра одлично, па со голот на Роберто Фирмино стигна до победа.

За Ливерпул ова е 22 победа во 23 меча сезонава и ако не беше ремито на гости кај Манчестер јунајтед, ќе имаше перфектен биланс. Вкупно за Ливерпул ова беше 40-ти лигашки дуел без пораз и стана само петтиот тим во историјата на англискиот лигашки фудбал со ваков биланс.

На 40+ меча без пораз досега биле само уште екипите на Нотингам форест во 1977-78 година (42 меча без пораз), Арсенал во 2003-04 година (49 меча без пораз), Челзи 2004-05 (40 меча без пораз) и Хадерсфилд во 2011 година, кога имаше 43 средби без пораз.

- Оглас -

Најнови вести