Ливерпул не можеше да му даде гол на Мајнц, па Германците „решија“ сами да се победат

Ливерпул минимално со 1:0 го победи Мајнц во првиот контролен меч за англискиот гигант сезонава. Тимот на Јирген Клоп претходно одигра два мини-меча од по 30 минути против Инсбург и Штутгарт, а сега во 90 минути едвај славеше над германскиот тим.

Во стартниот состав во нападот на Ливерпул беа Салах, Мане, Олекс-Чемберлејн, а играа и Александер-Арнолд, Милнер, Кеита, но сепак во првите 45 минути не успеаа да постигнат гол. Во второто полувреме двете екипи направија замени на сите 11 играчи, но Ливерпул повторно делуваше немоќно во нападот.

Тоа што фудбалерите на англискиот тим не успеаа да го направат, го направи фудбалерот на Мајнц, Килејн, кој си постигна автогол во 86 минута, доволен за Ливерпул да победи минимално со 1:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести