Ливерпул нема да има проблем со тимот на кој му бега 55 бода

Норвич – Ливерпул (фудбал, Англија, 18.30 часот)

На хартија, „фенерџијата“ не би требало да има шанса против лидерот и тим кој брка рекорд по број на бодови во историјата на Премиерлигата. Ливерпул има 55 бода повеќе од Норвич, кој речиси сигурно ќе испадне во Чемпионшип. Норвич нема играно дома од 18 јануари, кога го победија Борнмут. Црвените традиционално победуваат на гостувањата кај Канаринците, а на последните три нивни пресметки на овој терен, имало пет или повеќе голови.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.74)

 

Аталанта – Рома (фудбал, Италија, 20.45 часот)

Аталанта е четврта и има три бода повеќе од Рома. Римјаните имаат два порази по ред, но засега петтото место не им е загрозено. Од последните четири дуели на овие тимови во Бергамо, двапати било 3-3, а по еднаш минимално победиле двата тима. Иако Аталанта знае некогаш да биде многу ефикасна, важноста на мечот може да придонесе за нешто помалку погодоци. Рома првиот пораз сезонава го имаше токму од Аталанта.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

Вилјареал – Леванте (фудбал, Шпанија, 18.30 часот)

Ова е соседско дерби на два тима од предградија на Валенсија. Жолтата подморница има седум бода во последните три кола, а Леванте минатото коло прекина серија од четири порази по ред. Тимот на Енис Барди има само две ремија сезонава, што значи дека тука би требало да има победник. Леванте нема гостинска победа во 2020 година, а уште од октомври 2011 не славеле на гости кај Вилјареал.

Предлог тип: 3-5 гола (1.80)

 

Фортуна Дизелдорф – Борусија Менхенгладбах (фудбал, Германија, 18.30 часот)

Фортуна се бори за опстанок, а гостите за титулата. Бодовите им се важни на двата тима. Фортуна дома редовно прима гол во последните пет домашни меча, а Борусија не победила на гости уште од 2 ноември. Лани Фортуна на свој терен славеше со 3-1, нема да им биде лесно на гостите, тука на похрабрите им предлагаме да се обидат да типуваат на нерешено.

Предлог тип: Х (3.65)

 

Бенфика – Брага (фудбал, Португалија, 19.00 часот)

Бенфика е лидер и има четири бода позитива во однос на Порто, а тимот од Лисабон нема ниту едно реми сезонава (18 победи и два порази). Брага е во налет, четврта е, има четири победи и нерешено во последните пет кола. Бенфика дома ретко кому му простува, Брага во 2014 последен пат славела на „Луж“. Нивните дуели често се со над три гола и погодоц на двете страни.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Лајпциг – Вердер 1 & ГГ (2.55)

Барселона – Хетафе Т1 1+ I & 1+ II (2.30)

Норвич – Ливерпул 2 & Т2 3+ (2.35)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести