Ливерпул нема избор: Салах ќе добие најголем договор во историјата на клубот

Мохамед Салах сезонава игра во неверојатна форма. Во 11 меча за англискиот гигант, тој постигна 12 погодоци, а има и четири асистенции, покажувајќи дека е вистински лидер во екипата. Договорот на Салах со Ливерпул е до јуни 2023 година, аагентот на фудбалерот побара да има продолживање на соработката со нова корегирана плата.

Челниците на Ливерпул беа против тоа да му ја зголемат платата на Салах, но така се под закана дека на крајот од сезонава ќе го загубат најдобриот фудбалер. Дополнително постои притисок од навивачите кои сакаат египетскиот репрезентативец да остане на „Енфилд роуд“.

Според најавите, со новиот договор Салах ќе заработува 400.000 фунти неделно и ќе стане убедливо најскапоплатениот фудбалер во историјата на клубот и секако, еден од најскапите во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести