Ливерпул одби две понуди на Баерн за Мане, биле оценети како „смешни“

Заминувањето на Садио Мане од Ливерпул треба да биде еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок. Сенегалскиот репрезентативец има уште една година од договорот со Црвените од „Енфилд роуд“, но јасно кажа дека летово сака да си замине.

Баерн Минхен треба да биде следната дестинација на Мане, но засега не е постигнат договор за реализација на трансферот. Германскиот првак досега испратил две понуди за Мане, но од Ливерпул двете ги одбиле, а многумина ги нарекле „смешни понуди“.

Првичната опција била Мане да замине на „Алијанц арената“ за трансфер вреден 30 милиони евра, а потоа понудата била преиначена во 27,5 милиони евра за трансферот, плус осум милиони евра пресметани во бонуси, зависно од ефектот на Мане во новиот клуб.

Според германски „Билд“, ситуацијата со Мане ја следат и од Реал Мадрид, па додека од Баерн праќаат „смешни“ понуди, може да се случи Кралевите да искористат.

Мане во Ливерпул дојде за 41,2 милиони евра од Саутхемптон и за брзо време стана еден од најдобрите играчи во екипата. За шест години поминати на „Енфилд роуд“, Мане со Ливерпул ги освои сите најзначајни трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести