Ливерпул пак ќе го здроби Арсенал, Удинезе е „пациент“ на Рома

Лацио – Торино (21 ч.)

Лацио на последните четири меча го нема победено Торино, што е мотив повеќе за домаќините вечерва да слават на „Олимпико“. Римјаните се во добра форма, на свој терен дадоа 10 гола во 4 меча и доколку продолжат со иста ефикасност и вечерва, може да очекуваат три бода.

Торино влезе во лоша серија и во последните четири меча освои само два бода, но секогаш се посебно мотивирани за надмудрување против Лацио.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.91)

 

Ливерпул – Арсенал (20:30)

Дерби во Лига купот на Англија. Ливерпул е во неверојатна форма и игра доминантно без разлика кој е противникот. Гигантот од „Енфилд роуд“ сигурно ќе сака да освои што е можно повеќе трофеи сезонава, па и овој во Купот е на листата за доведување во клупските витрини, иако Јирген Клоп најави дека планира да одмори неколку стандардни првотимци и ќе им даде шанса на помладите.

Кај Арсенал владее потполно друга атмосфера. Капитенот Гранит Џака се скара со навивачите, а потоа одби и да се извини. На последните четири гостувања во Ливерпул, Топчиите губат, и тоа убедливо, а на мечевите има барем по 4 гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.80)

 

Удинезе – Рома (21 ч.)

Помалку неверојатно делува тоа дека Удинезе е „пациент“ на Рома. Римската волчица победила на 11 од последните 12 меѓусебни средби, додека Удинезе само еднаш се радувал. Нерешено не било уште од март 2013 година (1:1 на меч одигран во Удине).

Фактот дека шест и пол години не било нерешено значи дека погодоци треба да има, а гостите повторно ја имаат улогата на фаворити.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

Валенсија – Севилја (19 ч.)

Валенсија знае како треба против Севилја, а тоа го покажува и фактот дека на последните пет меѓусебни средби има три победи и две нерешени. Севилја последен пат пред три годии се радувала против Лилјаците.

Сезонава на „Месталја“ домаќините имаат две победи и три ремија, што доволно покажува дека ретко кој може да ги освои трите бода од ова гостување.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.40)

 

Реал Мадрид – Леганес (21:15 ч.)

Меч како порачан за Реал Мадрид. Последнопласираниот тим гостува на „Сантијаго Бернабеу“, па сè освен убедлива победа на Кралевите би било големо изненадување. Реал има само две победи во последните пет меча, па ова треба да биде средба за враќање на самодовербата.

Сепак, интересно е што на последните два меча на овие екипи, Леганес има победа и реми, а во јануари 2018 година овој тим успеал и да победи на „Сантијаго Бернабеу“ во Купот на Шпанија.

Предлог тип: Т1 3-5 (2.40) – квота на денот во Sport Life

Освен дуелот Реал – Леганес, во понудата на Sport Life во квоти на денот ги има и мечевите: Јувентус – Џенова 1 сигурна (2.10) и Челзи – Манчестер јунајтед ГГ прво/второ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести