Ливерпул петта сезона во низа ќе ја добие наградата за фер-плеј

Ливерпул и сезонава игра најчист фудбал во Премиер лигата, па затоа англиските медиуми тврдат дека наградата за пер-плеј ќе припадне на Црвените во петта сезона во низа.

Кога во прашање е статистиката околу картони, ниту еден фудбалер на Јирген Клоп досега во 37 кола не беше санкциониран со црвен картон, додека целиот тим собра најмалку жолти картони, само 38.

И во ланската сезона во која Ливерпул по 30 години пауза ја освои титулата во Премиер лигата, сите играчи собраа вкупно 38 жолти картони, разликата е само во еден црвен картон кој го доби Алисон.

Меѓу другото, гигантот од „Енфилд“  е единствен кој оваа награда ја добива три или повеќе пати во низа.

- Оглас -

Најнови вести