Ливерпул реши да не се шегува – Го „скрши“ Кристал палас со 4:0 (Видео)

Ливерпул реши да не се шегува и на фуриозен начин го декласира Кристал палас со 4:0 на патот кон првата титула во Англија по пауза од 30 години.

Вечерва Црвените од „Енфилд роуд“ покажаа дека ремито со Евертон во градското дерби било само момент на слабост и лесно го победија ривалот од Лондон.

https://twitter.com/_c_h_a_m_p_/status/1275897482384310273?s=20

Трент Александер-Арнолд со еврогол од слободен удар во 23-тата минута го покажа правецот кон сигурен триумф на фаворитот, а во гол-шоуто се вклучија и Салах, Фабињо и Мане за 28-миот триумф на 31 меч сезонава во Премиер лигата.

https://twitter.com/SportMargin/status/1275888627722137600?s=20

На лидерот во Англија му требаат само уште два бода на последните 7 меча за да ја осигури титулата. Предноста на Ливерпул пред единствениот конкурент Манчестер сити е огромни 23 бода, иако актуелниот шамоион има еден меч повеќе за одигрување.

Кристал палас остана на деветтото место со 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести