Ливерпул рутински до 12-та победа во низа (видео)

Ливерпул во 2020 година продолжи каде што застана лани. Рутински со 2-0 против Шефилд јунајтед избраниците на Јирген Клоп ја остварија 12-тата победа во низа во Премиер лигата. Оваа низа трае од ремито против Манчестер јунајтед на 20 октомври, а за вкупно 19-тата победа по 20 меча се погрижија Мо Салах и Садио Мане.

Веќе по четири минути игра Црвените поведоа, Робертсон одлично му асистираше на популарниот Фараон, а Салах од позиција пред противничкиот гол ретко промашува. За конечниот резултат се чекаше точно еден час, а овојпат Салах во улога на асистент го проигра Мане за удобни 2-0.

Ливерпул со еден натпревар помалку, односно по 20 натпревари има 58 бода, додека Шефилд остана на осмата позиција со 29 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=XkJHtlkqdVw&feature=youtu.be

https://www.youtube.com/watch?v=Tn7YTRmgrcI&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести