Ливерпул сака да купи англиски репрезентативец од Манчестер сити

Ливерпул сака својот среден ред дополнително да го освежи со Калвин Филипс од Манчестер сити како надополнување на Собослаи, Мекалистер и Ендо, кои исто така дојдоа летово.

Интересот на Црвените за повремениот англиски репрезентативец не е нов, но се активираше повторно, откако им пропаднаа намерите да ги купат Мојсес Каиседо и Ромео Лавија, кои замина во Челзи.

Филипс, кој лани дојде во Сити од Лидс, по серијата повреди, е во втор план кај Пеп Гвардиола, и за добра цена веројатно Граѓаните би го продале дури и во редовите на нивниот ривал.

- Оглас -

Најнови вести