Ливерпул сака да пазари на „Сантијаго Бернабеу“, но мора да го одврзе ќесето

Англискиот премиерлигаш Ливерпул достави до Реал Мадрид понуда тешка 80 милиони евра за уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде, пишува „Ел Насионал“.

Ова е втора понуда која Црвените ја испратија за Валверде, првата во висина од 60 милиони евра беше експресно одбиена.

Шпанските медиуми пишуваат дека и оваа понуда ќе биде одбиена бидејќи челниците на Реал Мадрид инсистираат отштетата да изнесува 100 милиони евра за Уругваецот.

Федерико Валверде во Реал Мадрид пристигна во 2016 година од уругвајскиот Пењарол, а оваа сезона одигра 56 меча за Кралевите во сите натпреварувања и постигна 12 гола.

За репрезентацијата на Уругвај досега одигра 49 натпревари, на кои даде пет гола.

- Оглас -

Најнови вести