Ливерпул се раздели со седуммина, меѓу нив се најмладиот стрелец и голманот киксер

Раководството на Ливерпул објави разделба со седуммина нивни членови. На чело на списоокот е Дивок Ориги, кој има статус на легенда на клубот.

Белгиецот им помогна да ја освојат Лигата на шампионите и ќе биде запишан со златни букви. Договорот на Ориги истекува на 30 јуни и нема да биде продолжен. Тој веројатно кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Меѓу седумтемина има и тројца младинци, како и Шеј Оџо и Бен Вудбурн, кои дебитираа за првиот тим, а Вудбурн е и најмлад стрелец во клупската историја, но среќата ќе треба да си ја бараат во друг клуб.

Навивачите воопшто нема да жалат ниту за заминувањето на голманот Лорис Кариус. Германецот својот последен настап на голот на Црвените го имаше во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид, кога стекна светска слава со двата огромни кикса, по што стана непожелен на „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести