Ливерпул шампионската парада за премиерлигашката титула ќе ја прави следната година

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека е можно парадата низ улиците на градот по повод прославата на титулата во Премиерлигата, да се одржи напролет, во средината на следната сезона. Ливерпул летово ќе ја освои титулата на која чека 30 години, радоста ќе биде голема, но неможноста за групни собири, може да го одложи славјето со навивачите за дури неколку месеци.

„Навивачите на Ливерпул долго ја чекаат оваа титула, но знаеме дека прослава веднаш по крајот на сезонава не е добра опција. Не сакаме да славиме сами на празен стадион, па идеално е да си одиме дома и да се напиеме по некое пиво или вода. Најважно е што пехарот ќе биде со нас, а шампионската парада низ улиците може да ја направиме во средината на следата сезона. Не ми е гајле дали некој ќе рече дека сум луд после ваквиот предлог“ – вели Клоп.

Ливерпул продолжувањето на сезоната ќе го стартува со предност од дури 25 бода во однос на вториот Манчестер сити, па на Црвените им требаат само уште две победи за да си ја обезбедат титулата, прва откако лигата се вика Премиерлига, а во англиското првенство прва титула после 30 години.

- Оглас -

Најнови вести