Ливерпул со еден потег го „сруши“ новото правило на ФИФА

Ливерпул не само што го победи Норич во првиот меч од Премиер лигата, туку покажа колку нефункционално може да биде новото правило кое беше донесено во светскиот фудбал. Бордот на Интернационалната фудбалска асоцијација (ИФАБ) донесе ново правило кое стапи сила од 1 јуни оваа година, а се однесува на изведувањето на слободни удари.

Новото правило гласи: Ниту еден играч од екипата која напаѓа, не смее да се најде во ѕидот на екипата која се брани, доколку тој ѕид е составен најмалку од тројца играчи. Во таков случај, противничките играчи мора да бидат одалечени најмалку еден метар од ѕидот.

Ова правило требаше да им помогне на голманот кој се обидува да не прими погодок од слободен удар. Сепак, на синоќешниот дуел меѓу Ливерпул и Норич беше срушено ова правило. Во 84 минута, Ливерпул требаше да изведе слободен удар, а пред ѕидот на гостите, се наредија дури тројца играчи на домаќините.

Судијата не можеше никако да реагира, бидејќи домашните фудбалери беа одалечени повеќе од еден метар од ѕидот на гостите, па изведувањето на слободниот удар беше регуларно. За среќа на гостите, Ливерпул не постигна гол.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести