Ливерпул со шампионска поддршка за медицинскиот персонал ширум светот: Херои наши, ви благодариме (видео)

Ливерпул на чело со Јирген Клоп и уште неколку ѕвезди од тимот снимија емотивно видео во кое испратија порака до целиот медицински персонал ширум светот кој се бори во тешката битка со Коронавирусот.

Пораката почнува со германскиот стратег, а потоа ѕвездите како Салах, Мане, Фирмино, членови на женскиот тим и стручниот штаб испратија по едно благодарам до сите лекари, медицински сестри и вработените во здравствените установи.

„Вршите неверојатна работа, вие сте нашите херои, ви благодариме за вашето жртвување“, вели Клоп, додека секој од фудбалерите на мајчин јазик испрати слична порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести