Ливерпул триумфираше и против ВАР и против Вест хем (видео)

Ливерпул се извлече против Вест хем во финишот и обезбеди триумф од 2-1 за искачување на врвот на табелата во Премиер лигата.

Гостите тргнаа одлично и со помош на Форналс ја отворија средбата на „Енфилд“ по само десетина минути игра. Шампионот чекаше речиси до паузата за да израмни, а го стори тоа Салах со прецизен удар од белата точка откако врз него беше направен фаулот во казнената зона.

Со многу мака Ливерпул притискаше за втор гол, а првиот од двата гола на џокерот од клупа Диого Жота, не се важеше поради недозволена позиција во мешаницата пред Фабијански.

Сепак, само осум минути подоцна, односно во 85-тата минута, Жота погоди за конечни 2-1, за петта победа по седум кола на бранителот на титулата.

https://twitter.com/noobfcb/status/1322617912360927232

- Оглас -

Најнови вести