Ливерпул за 4 минути и 20 секунди го реши проблемот со децата од Астон Вила

Ливерпул со 4-1 ја елиминираше Астон Вила од ФА купот, резултат кој е логичен со оглед на тоа дека домашните од Бирмингем настапија со тим чија просечна старост беше само 18 години и 294 дена. По првото полувреме беше 1-1, Луи Бери со 17 години стана еден од најмладите стрелци во историјата на ФА купот, но Црвените не дозволија комплетна сензација.

Садио Мане со два гола, и резервата Џердан Шаќири кој влезе во игра во вториот дел и имаше две асистенции, беа творци на победата на Ливерпул. Вториот, третиот и четвртиот гол за Ливерпул беа постигнати во период од само 4 минути и 20 секунди.

 

- Оглас -

Најнови вести