Лондонско и мадридско дерби го красат новото коло на Спортска прогноза

Четвртото коло на бесплатната забавна игра Спортска прогноза е тука, а за да бидете меѓу оние кои ќе бидат наградени од Sport Life, треба да типувате најдоцна до сабота, во 15.30 часот и да ги погодите исходите на 11, 12 или сите 13 пара од основната понуда.

Првиот меч од новото коло е оној на Аугсбург и Мајнц, а од саботната програма тука се и паровите Лутон – Вулверхемптон, Осасуна – Севиља, Нант – Лориен, Вердер Б. – Келн и Брест – Лион.

Неделните мечеви се поатрактивни затоа што тогаш се играат дербијата Арсенал – Тотенхем и Атлетико – Реал Мадрид. Тука се и дуелите Мец – Стразбур, Ле Авр – Клермон, Удинезе – Фиорентина, Рајо Ваљекано – Виљареал и Монпеље – Рен.

Резервни парови се Алмерија – Валенсија и Торино – Рома и ако ги погодите, тие поени ви влегуваат во генералниот пласман.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, на ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести