Лопетеги смета дека против Еспањол ќе биде потешко отколку со Рома

Го нема Кристијано Роналдо, но засега нема проблеми ни за Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ победи во Лига на шампиони против Рома со 3:0, а и во домашното првенство игра сигурно. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ гостува Еспањол, а домашните навивачи очекуваат сигурна победа.

Поради повреда кај Реал ќе го нема Даниел Карвахал, a тренерот Хулен Лопетеги ќе го одмори и Тони Крос. На голот наместо Кејлор Навас ќе биде Тибо Куртоа. Иако Реал е голем фаворит, Лопетеги вели дека дуелот ќе биде тежок.

„Мечот против Еспањол ќе биде најтешкиот за нас на домашен терен во досегашниот дел од сезоната. Треба да правиме повеќе ротации во екипата“, рече стратегот на Реал.

Со оваа изјава Лопетеги сака да потенцира дека очекува мечот против Еспањол да му биде потежок од тој во Лигата на шампиони против Рома. Интересно е што на последниот меч меѓу овие ривали Еспањол победи со 1:0.

Ако се игра на голови, традицијата покажува дека дури шест меча во низа добитен бил типот НГ, односно барем едниот тим да не даде гол. Во оваа ситуација тоа сигурно би требало да биде Еспањол.

Карим Бензема на овој меч ќе треба да покаже дека е во форма, бидејќи му се заканува преселба на клупата за резерви, каде својата шанса ја чека Маријано Дијаз. Тој одлично ги искористи своите минути на мечот против Рома и даде прекрасен гол.

 

- Оглас -

Најнови вести