Лордот прокоцкал богатство на покер, но вели дека не е зависен

Иако никогаш не го достигна потенцијалот, Никлас Бентнер и тоа како уживаше во популарноста. Во Данска го нарекуваа Лорд, а фудбалската кариера ја заврши на 31 година, во која го следеа доста скандали.

Последниот беше физичка пресметка со таксист, за што доби 50 дена куќен притвор. Сепак, Бентнер и од пензија успеа да ја шокира спортската јавност со тоа што откри дека прокоцкал богатство на покер.

„Не пресметав точно, но мислам дека околу 7 милиони евра загубив на покер играјќи против професионалци. Сепак, не сум зависен и немам проблем со коцкањето. Сега играм само за забава“, истакна Бентнер.

Бентнер како талент на Арсенал играше за доста екипи на позајмица, меѓу кои Јувентус, Бирмингем и Сандерленд, a настапуваше уште за Волфсбург, Нотингам форест, Розенборг и Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести