Лоренцо нема дилеми кој е Мајкл Џордан на мотор

Петкратниот првак Хорхе Лоренцо нема дилеми кој е човекот со најголемо влијание во историјата на мототрките, а неговиот избор е Валентино Роси.

„Бевме големи ривали и на и надвор од патеките, но ако постои Мајкл Џордан на мотор, тоа е Докторот. За мене е број 1, иако, на пример, Агостини има повеќе титули, а има и други легендарни мотоциклисти“, вели Лоренцо.

Шпанскиот мотоциклист вели дека е можно Марк Маркес да му ја преземе улогата на Роси, ако продолжи со ова темпо да освојува пехари.

„Мојот сонародник е брилијантен и е вистинско освежување од 2013 година, кога се појави на сцената. Ги има сите потребни квалитети да биде број 1 и да му го преземе приматот на Роси. Секако, ова е мое мислење, но добро ги познавам состојбите бидејќи долго сум на патеките и ги познавам одлично врвните претставници во нашиот спорт“, додава Лоренцо.

- Оглас -

Најнови вести