Лориент губеше со два гола, па потоа „спакува“ шест комада во мрежата на Сент Етијен

На првата средба од новото, 31-во коло од Лига 1 во Франција имаше дури осум гола, а Лориент го победи Сент Етијен со убедливи 6:2. А не беше се така идилично за домаќините, бидејќи Денис Буанга (4′) и Арнуд Нордин (22′) донесоа, во тоа време убава предност за гостите.

Терем Мофи и Ибрахима Коне погодија пред самиот крај за израмнување на резултатот, а потоа следеше „торпедирање“.

Енцо Ле Фе (61′) стрелаше за пресврт, а со вторите погодоци на Ибрахима Коне (65′) и Мофи (86′), направија недостижна предност.

Конечниот резултат беше дело на Квентин Бојсгард на една минута пред истекот од регуларното време.

- Оглас -

Најнови вести