Лош ден за миланските гиганти – Само што дојде во Ленс веднаш го нокаутира Интер со гол во последна минута

Двата италијански гиганти од Милано, Милан и Интер доживеаа неочекувани порази на пријателски натпревари, имаа неуспешни тестови за новата сезона против Залаегершег и Ленс.

Унгарскиот тим со три гола од втората до 27. минута успеа да му ја наполни мрежата на актуелниот првак на Италија, Милан, екипа која потоа со два гола само го ублажи поразот на „ЗТЕ“ арена. 

Веднаш потоа се случи уште едно непријатно изненадување за уште еден клуб од Милано, а Интер загуби од Ленс со 0:1.

Новиот напаѓач на францускиот тим, Луис Опенда кој потпиша договор со Ленс пред две недели го постигна победничкиот гол против Нероаѕурите во 90. минута.

Деби погодокот на 22-годишниот Белгиец во дресот на Ленс можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести