Лош почеток на тренерската кариера, Форлан избркан само по 11 меча

Уругвајската фудбалска легенда, Диего Форлан, по завршувањето на играчката кариера, реши да почне да работи како тренер, доби супер прилика, беше ангажиран од големиот Пењарол од Монтевидео, во кој ја почна и ја заврши кариерата, но за осум месеци не се покажа во најдобро светло, па доби отказ.

Некогашниот голгетер на Манчестер јунајтед, Вилјареал, Атлетико Мадрид и Интер од активното играње се повлече пред една година. Тој за Уругвај играше 112 меча и даде 36 гола.

Форлан во декември стана тренер на Пењарол, а тимот го водеше на 11 натпревари, а во нив оствари само четири победи. На негово место на клупата на Пењарол седна 61-годишниот Марио Саралеги, кој исто така е екс-репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести