Лоша вест пред ракометниот дуел со Луксембург, почина првиот македонски селектор

Додека македонската машка ракометна репрезентација се подготвува за пресметката со Луксембург од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, пристигна една многу непријатна вест, почина првиот селектор на Македонија, Славе Атанасовски – Чаве.

Атанасовски беше роден во 1945 година во Скопје, како играч и подоцна како тренер настапуваше и водеше повеќе македонски клубови. Атанасовски беше селектор и на женската репрезентација на Грција.

Она по што ќе остане запаметен и секогаш ќе биде запишан со светли букви во историјата на македонскиот ракомет е што го водеше националниот тим на Македонија во 1993 година, кога Црвено-жолтите го одиграа првиот официјален натпревар на меѓународен турнир во Романија.

 

- Оглас -

Најнови вести