Лоша вест за Ѓоковиќ, АТП листата е замрзната

Тениската сезона е прекината и нема да продолжи пред 8 јуни. Ова значи дека турнирите кои требаше да се играат пролетва на земја подлога, нема да се одржат, а гренд-слемот Ролан Гарос е поместен за крајот на септември. Први турнири кои ќе се играат после паузата, се оние на трева.

Од АТП и ВТА објавија дека додека не се играат турнири, ранг-листите ќе бидат замрзнати, и никој нема да губи поени поради неиграњето. Оваа одлука би требало да му одговара на Роџер Федерер кој во оперираше коленото и не планираше да игра пред Вимблдон.

За Рафаел Надал, откажувањето на некои од неговите омилени турнири е катастрофа, а замрзнувањето не му оди во прилог ниту на Новак Ѓоковиќ кој се надева дека ќе ги урне рекордите по број на гренд-слем титули и број на недели како првопласиран на АТП листата.

На Новак му требаат уште шест недели на врвот за да го надмине Пит Сампрас кој има 286, а потоа ќе се обиде да го надмине и Федерер кој 310 недели беше прв. Наместо да го стигне Сампрас уште во април, Србинот ќе мора да почека, додека за да ги урне рекордите на Федерер, ќе мора да почека до 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести